Асоцијација за е-трговија: во 2020 се реализирале 7,3 милиони онлајн трансакции со вкупна вредност од 229, 6 милиони евра

- Advertisement -

Асоцијацијата за е-трговија, повикувајќи се на податоци објавени од Народната банка, објави дека во текот на 2020 година граѓаните на Северна Македонија реализирале вкупно 7,3 милиони онлајн трансакции со вкупна вредност од 229,6 милиони евра, од кои 167,3 милиони евра кон домашни е-продавници, што претставува значајни 73 отсто во вкупната вредност на онлајн трансакции.

Со домашни платежни картички во странство, во 2020 година реализирани се вкупно 2.8 милиони онлајн трансакции со вкупна вредност од 62,3 милиони евра, наспроти 100 милиони евра во 2019 година што претставува пад од 17,9 отсто во бројот на трансакции и 38 отсто во вредноста на трансакциите. Од Асоцијацијата за е-трговија посочуваат дека падот е очекуван ако се земе предвид дека поради пандемијата не се патува, па трансакциите за авио-билети и резервации на хотели се драстично намалени.

- Advertisement -

Од вкупниот износ во вредност од 62,3 милиони евра кои граѓаните на Северна Македонија во текот на 2020 година го потрошиле онлајн за пазарење во странство, дури 73,6 отсто од вредноста на трансакциите се реализирале во корист на десет странски земји. Најголема вредност на трансакциите, односно најмногу онлајн плаќања сме реализирале кон Обединето Кралство, Унгарија и Ирска и тоа до некаде е и очекувано имајќи предвид дека од овие земји потекнуваат Amazon UK, ASOS (Обединето Кралство), WizzAir (Унгарија) и Facebook, Google (Ирска).

Што се однесува до бројот на онлајн трансакции со македонски платежни картички во странство, високи 80,6 отсто од трансакциите завршиле во корист на ТОП 10 земјите прикажани во табелата во продолжение. Најголем број на трансакции со домашни платежни картички (вкупно 547.713) се реализирани во корист на веб продавници од Луксембург каде што е регистрирана европската филијала на Amazon преку која се одвиваат трансакциите за најголемиот дел од Европските земји, без Обединето Кралство.

- Advertisement -

За разлика од претходната година, значително е намален бројот на плаќања кон компании регистрирани во Обединето Кралство и Унгарија поради драстичното намалување на патувањата и користењето на авио транспортот. 

(МИА)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -