Преносна соларна фарма може да се постави каде и да посакате

- Advertisement -

Оваа преносна соларна фарма излегува од контејнер и се отвора панел по панел на која локација и да посакате. Соларната фарма самата се формира и нема потреба од никакво склопување. Доволно е само да притиснете едно копче.

Потребни се само 15 минути за фармата да биде целосно поставена и спремна за генерирање енергија. Бидејќи се склопува во контејнер, многу лесно може да се транспортира од локација на локација.

- Advertisement -

Опремена е со т.н. соларен следач кој помага правилно да се позиционираат соларните панели во зависност од поставеноста на сонцето. Фармата има вкупно 35 соларни панели. Во внатрешноста е поставена и батерија, така што фармата е 100% независна дури и во најоддалечените локации.

Постојаното префрлање од место на место со камион значи емисија на стакленички гасови, а системот не е евтин – почетната цена е 86.000 долари. Но, може да биде многу корисна во случај на природни катастрофи и обезбедување енергија кога и да е потребно.

- Advertisement -

(Waste-Ed)

(фото: Facebook screenshot)

Сподели!
- Advertisement -