Во Чиле откриен нов вид диносаурус

- Advertisement -

Научници открија нов вид на диносаурус во пустина на северот од Чиле, пишува BBC. Остатоците од диносаурусот се пронајдени во пустината Атакама недалеку од градот Копаиапо. Експертите тврдат дека диносаурусот имал мала глава, долг врат и необично рамен грб и дека се хранел со растенија.

Истражувањата покажуваат дека живеел во некогаш бујно подрачје со цветови, папрати и палми. Тимот предводен од чилеанскиот геолог Карлос Аревало ги пронашол остатоците од диносаурусот во деведесеттите, истражувањата биле направени во 2000-тите, а резултатите беа објавени неделава.

- Advertisement -

Меѓу остатоците од диносаурусот се делови од нозете, како и пршлени од вратот и од грбот. Диносаурусот бил млад, а неговата должина била 6,3 метри. Наречен е Arackar licanantoy, што значи коски од Атакама на индијанскиот Кунза јазик. Остатоците ќе бидат изложени во чилеанскиот Музеј на природна историја.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Twitter)

Сподели!
- Advertisement -