YouTube за деца конечно ќе прикажува само детски содржини

- Advertisement -

Родителите честопати се шокираат кога ќе видат што гледаат нивните деца на YouTube. Уживањето во цртани филмови и детски песни благодарение на предлог видеата кои се појавуваат од страната на овој видеосервис често го заменуваат со гледање чудни, понекогаш и агресивни видеа, кои не се соодветни за деца. Од YouTube тргнаа во пресметка со таквите содржини и отстранија многу видеа, а на повеќе од 50.000 канали и бројни видеозаписи со такви несоодветни содржини го оневозможија огласувањето.

Иако делумно ја поправија ситуацијата, таа не е целосно решена и и понатаму покрај детските песни и цртаните филмови на најпопуларниот водеосервис во светот може да се најдат содржини кои не треба да ги гледаат деца. Затоа наместо класичниот YouTube родителите за децата го користат YouTube Kids, сервис наменет за најмладите, на кој не би требало да има такви содржини.

- Advertisement -

Но, неодамна беше откриено дека меѓу предлозите покрај таквите детски видеа на YouTube Kids може да се најдат и видеа на кои не им е местото таму како што се теории на завера, видеа за тоа дека Земјата е рамна плоча и со неа управуваат хибридни луѓе и гуштери. Овие информации ги шокираа родителите, кои и онака тешко ги контролираат сите содржини кои децата можат да ги најдат на Интернет.

- Advertisement -

Според Zimo, кој пренесува наводи на The Verge, тоа може да се промени затоа што Google планира да претстави верзија на YouTube Kids во која содржините нема да ги предлага алгоритам, туку сите канали и видеозаписи ќе ги прегледува тим од луѓе кои ќе даваат одобренија, односно ќе забрануваат прикажување на несоодветни содржини.

Од YouTube уште енма официјална потврда на овие информации за сервисот наменет за најмладите, но со оглед на досегашните проблеми и бројните критики за содржините кои ги прикажува алгоритамот, можеме да претпоставиме дека овие гласини се точни и навистина наскоро можеме да очекуваме верзија на YouTube која ќе биде целосно прилагодена на децата.

Сподели!
- Advertisement -