Научници ја пронајдоа најмалата црна дупка во галаксијата

- Advertisement -

Вселената е полна со црни дупки, но научниците се навикнати тие дупки да се прилично големи и само да растат. Меѓутоа, црната дупка која ја пронајдоа во Млечниот пат и е најблиска до Сончевиот систем е најмалата која ја откриле досега.

Како што напишаа во списанието Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, црната дупка ја нарекоа еднорог и има маса отприлика трипати поголема од нашето Сонце, а се наоѓа во друштво на сјајна ѕвезда која спаѓа во категоријата црвени џинови. За разлика од некои други црни дупки, научниците не забележале дека овој еднорог привлекува материјал од блиската ѕвезда, која е 173 пати посветла од нашето Сонце.

- Advertisement -

Црната дупка го добила своето име делумно затоа што е во соѕвездието Monoceros, што значи еднорог, а делумно и затоа што е уникатен систем кога се работи за црните дупки, вели докторандот Таринду Џајашинге од Државниот универзитет Охајо.

Инаку, во астрономијата се користат три категории за црни дупки – најмалата, еднорози, најголема односно супермасивна дупка и неколку кои се помеѓу двете. Категоријата еднорог спаѓа во делот меѓу најголемите неуронски ѕвезди со маса 2,2 пати поголема од Сонцето и оние со маса 5 пати поголема од Сонцето. Еднорогот е навистина една од најмалите црни дупки, вели Џајашинге.

- Advertisement -

Научниците истакнуваат дека минијатурната црна дупка е оддалечена од Земјата околу 1.500 светлосни години. Иако тоа е најблиската црна дупка до Земјата, се уште е многу далеку.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -