- Advertisement -
Хеликоптерот на НАСА, Ingenuity, полета по трет пат и овој пат има и видео од неговиот лет. Од НАСА велат дека хеликоптерот се издигнал на висина од околу 5 метри, а поминал растојание од околу 50 метри со максимална брзина од 2 метри во секунда.
Можете да го видите неговиот лет од видеото во прилог, а го снимил роверот на НАСА на Марс, Perseverance. Замислете само – робот направен од луѓето со цел истражување на Црвената планета го снима роботот-хеликоптер како лета на Марс. На видеото можете да забележите како хеликоптерот полетува и го снемува од видик, а пред крај се враќа и лесно слетува на површината на Марс.
- Advertisement -
Ingenuity повторно ќе лета. Од НАСА велат дека тимот наскоро планира четврти лет.
(Mashable)
- Advertisement -
(фото: NASA)
- Advertisement -