Вселенската компанија Blue Origin, која ја основаше најбогатиот човек во светот, вчера на YouTube објави видео во кое најавија дека наскоро ќе почне продавањето на билети за патување во вселената. Во видеото Џеф Безос управува со теренец на пат до местото каде што слетала капсулата на Blue Origin, а на крајот на видеото сите кои сакаат да ги обезбедат билет за историскиот туристички лет ги повикува да ја посетат страницата на компанијата.
Најбитните податоци за тоа колку ќе чини туристичкиот аранжман на Безос и кога се планира првиот лет не се познати. Имено, на страницата сите заинтересирани можат да ги остават своите податоци, а информациите ќе ги добијат следната недела, односно на 5 мај.
Интересно е тоа дека летовите ќе бидат многу скапи и ќе траат многу кратко. Имено, капсулата со вселенски туристи нема да оди во Меѓународната вселенска станица или до Месечината, туку брзо по влегувањето во орбитата ќе се врати назад. На патувањата патниците ќе одат со New Shepard, систем кој се состои од ракета и посебна капсула. Откако ќе ја однесе капсулата на пат кон вселената, ракетата се враќа на Земјата за да може да се користи повторно. После краткиот лет капсулата ќе тргне кон Земјата, а ќе застане со помош на големи падобрани.
Blue Origin досега објави бројни успешни тест летови, но ниту еден пат во капсулата нема екипаж. Пред првите туристички летови следува најголемиот тест за Blue Origin и New Shepard – освојување на вселената со човечки екипаж, а тоа треба да се случи наскоро.
(CNN)
(фото: Wikimedia)