НБА тим ќе дава плата во криптовалути

- Advertisement -

Американскиот кошаркарски клуб Сакраменто Кингс станува првата сериозна спортска франшиза која на своите играчи и на другите вработени ќе им дава плата во биткоин. Ова ќе го потврди долгогодишното мислење дека Кингс се една од екипите во професионалниот спорт кои се најмногу заинтересирани за криптовалутите.

НБА тимот од Калифорнија почна да продава се – од влезници до храна – за биткоин уште во 2014 година, а во 2019 година создаде и жетон награди за навивачите. Претходно се здружи со BitPay, но не е познато дали и овој пат ќе ги користи нивните услуги.

- Advertisement -

„На сите во организацијата Кингс ќе им понудат да изберат колкав дел од нивната плата сакаат да земат во биткоин, вклучувајќи ги и играчите“ изјави косопственикот и извршен директор на Сакраменто Кингс, Вивек Ранадиве.

Сепак, и покрај најавите на Ранадиве, колективниот договор помеѓу играчите и лигата им забранува на НБА тимовите да им плаќаат на играчите во криптовалути или кој било друг метод освен исплата во готово или депозит на сметка.

- Advertisement -

(SEEBiz.eu)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -