Бесплатни обуки за вештачка интелегенција за околу 1000 млади луѓе

- Advertisement -

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и „Семос Едукација“ почнуваат проект со кој околу 1000 млади луѓе од државава ќе имаат можност преку бесплатни обуки да научат како да ја применуваат вештачката интелегација во секојдневното живеење и работење.

Рокот за пријавување е од денес од 18 мај, а обуките почнуваат од 20 мај и планирано е да траат до јуни. Може да се пријават млади од 17 до 29 години, но и сите останати кои имаат интерес да научат повеќе за вештачката интелегенција. Обуките ќе бидат насочени кон запознавање со основите на вештачката интелегенција од аспект на бизнисот и услугите во „Мајкрософт Азур“.

- Advertisement -

– Нас не движат две цели. Нашата земја веќе позната по тоа што извезува знаење и услуги од областа на информатичката технологија, и понатаму да го продолжи истото, но овој пат во оние технологии кои се врв во светот, односно во областа на вештачката интелегенција. Втората цел која не движи е нашата иднина, нашите млади. Доаѓаат професии кои денес не се познати, а вештачката интелегенција ќе биде дел од нашиот живот, истакна генералната директорка на „Семос Едукација“, Валентина Тасева.

Според директорот на ФИТР Коста Петров, примената на вештачката интелегенција е клучна за дигитална трансформација на еко системот.

- Advertisement -

– Токму поради тоа заедно со Владата веќе работиме на формирање на работна група за креирање на националната стратегија за вештачка интелеганција, посочи Петров.

Во рамки на бесплатните обуки планирани се 500 испити, а оние кои ќе ги положат, ќе добијат меѓународно признати дипломи.

Сподели!
- Advertisement -