ВИДЕО: Првиот пловечки град во светот ќе ги спасува Малдивите од покаченото ниво на морето

- Advertisement -

Наместо „климатски бегалци“ Малдивите може да станат „климатски иноватори“ така што ќе користат инженеринг за да истанат над површината на морето. Во време на значителни климатски промени Малдивите го добиваат првиот вистински пловечки град наречен Maldives Floating CIty (MFC).

Владата на Малдивите, островска република во северниот Индиски Океан која има најмала површина од која било земја во светот, ги откри своите планови за MFC минатиот месец. Тоа се исклучително битни вести за Малдивите затоа што ќе одговорат на климатските промени и на порастот на нивото на морето.

- Advertisement -

Кога ќе се погледне вкупната слика, на Малдивите моментално не им се пишува добро. Некои истражувања предвидуваат дека сличните острови ќе станат ненаселливи до 2050 година и сигурни се дека Малдивите ќе бидат меѓу првите кои ќе исчезнат под растечкото ниво на морињата и океаните.

Пловчекиот град го дизајнираше холандската компанија Dutch Docklands, а ќе биде направен во лагуна составен од низа шестоаголни редови лавиринти, кои ќе му дадат изглед на корал.

- Advertisement -

Градот ќе има илјада објекти, а цената за 92,9 квадратни метри ќе изнесува најмалку 250.000 долари. Пловечкиот систем редови ќе биде споен со прстен остров кој ќе ја формира базата и ќе ги стабилизираат ѕидовите. Пловечкиот комплекс ќе вклучува домови, продавници, болници, училишта, центри за рекреација и јавни простори, а изградбата ќе почне во 2022 година.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: maldivesfloatingcity.com/gallery)

Сподели!
- Advertisement -