Научници ширум светот се обидуваат да создадат што поефикасен процес за отстранување на јаглерод диоксидот од атмосферата и да го претворат во метанол. Но, изгледа дека хрватски хемичари од Институтот Руџер Бошковиќ и нивни колеги од словенечкиот Хемиски институт и Универзитетот Мекгил во Канада успеале да создадат нов материјал за каталитичко претворање на јаглерод диоксидот во метанол.
Станува збор за ефикасна и еколошки одржлива механохемиска синтетска стратегија за синтеза на новиот каталитички материјал за селективна хидрогенација на јаглерод диоксидот во метанол. Овие најнови резултати од истражувањето се објавено во списанието ACS Applied Materials & Interfaces, кое го издава Американското хемиско здружение.
Прекуменрата употреба на фосилни горива резултираше со значителен пораст на емисијата на јаглерод диоксид и тоа е еден од главните виновници за климатските промени. Меѓународните иницијативи за ублажување на тој проблем и осигурување на иднината на нашата планета, како иницијативата на Европската комисија, се сложуваат дека зпокрај намалувањето на емисијата на СО2, мора да се развијат научно-технолошки решенија кои ќе го отстрануваат СО2 од атмосферата и во идеални услови, ќе го претвораат во хемиски соединенија.
Денес веќе постои изразот економија на метанол, кој предвидува дека во иднина метанолот ќе се наметне како клучно соединение за синтеза на вредни соединенија. Каталитичката хидрогенација на СО2 е една од реакциите кои имаат најголем потенцијал, но се базира на неселективна хемиска реакција која зависи од патот на реакцијата. Затоа постојано се бараат и се развиваат катализатори кои ќе ја одведат хемиската реакција во аут.
За да излезат во пресрет на предизвикот докторандите Томислав Столар, Валентина Мартинез и д-р Бахар Кардениз предводени од д-р Крунослав Ужаревиќ и д-р Томислав Фришчиќ развија биметален порозен координациски материјал со користење на ефикасна и еколошки одржлива синтетичка стратегија базирана на механохемиска припрема на биметални металооргански мрежи 74 (MOF-74), која двата тима ја опишаа уште во 2019 година. Каталитичките својства на новиот материјал се испитани во соработка со научници од Хемискиот институт во Љубљана.
Резултатите покажале дека биметалниот CuZn-MOF-74 материјал со порозно уредена кристална решетка има умерена каталитичка активност за синтеза на метанол. Од друга страна, со постисинтетичка механохемиска аморфизација на тој материјал добиен е непорозен материјал со дефектни координациски сфери околу атомите на бакар и цинк кој покажал повеќекратно подобрување на каталитичките активности и селективност за синтеза на метанол.
Истражувањето во рамките на проектот е остварено во меѓународна мрежа на институции поврзани преку програмата „Научна соработка“ финансиран од Европската унија од Европскиот социјален фонд во склоп на Оперативната програма Ефикасен човечки потенцијал 2014.-2020.
(Zimo)
(фото: Pxhere)