Холандската компанија Roosegaarde направи улично осветлување кое воопшто не троши енергија

- Advertisement -

Дали знаете дека можеме да ги осветлиме улиците без да користиме електрична енергија? Холандскиот дизајнер Даан Росегарде на фестивалот Green Building Festival и неговото студио Studio Roosegaarde развија систем од ретро рефлектори на светлина инспирирани од крилjата на пеперутките.

Новодизајнираните структури се покриени со мали призми кои ги рефлектираат светлата од возилата кои поминуваат и на тој начин го осветлуваат целиот пат. Со тоа се елиминира потрошувачката на електрична енергија и се помага да се намали загадувањето со светлина. Освен тоа, уличните светла трошат многу енергија затоа што светат и кога нема никој по патоте, па решенијата како ова денес се побитни отколку кога било порано.

- Advertisement -

Со новите структури ако нема возила по патот нема да има ни осветлување. За ваквиот начин на осветлување не се троши никаква енергија. Оваа комбинација од одлично осветлување со одлична архитектура е совршен пример за футуристичката и енергетски неутралната иднина на Холандија, чија владина политика си зададе цел сите национални патишта во Холандија да бидат енергетски неутрални до 2030 година.

(WasteEd)

- Advertisement -

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -