Овие десет земји имаат најголеми резерви на злато во светот

- Advertisement -

Златото е еден од најскапоцените метали на планетата, но не сите земји може да се пофалат со големи резерви на злато. Централните банки чуваат резерви на злато затоа што е осигурување против финансиски кризи. Златото има природна или вродена вредност секаде во светот, додека националните валути мора да добијат гаранција од владите.

Додека некои имаат многу рудници и недоистражени планини од злато, други немаат ништо. Во продолжение следува листата со 10 земји со најголеми резерви на злато во светот.

- Advertisement -

На десетто место е Холандија со 613 тони на злато. Веднаш по неа е Индија со резерва од 658 тони злато. Земјата е вториот најголем потрошувач на злато поради популарноста на златниот накит на индиските свадби.

На осмо место е Јапонија со 765 тони злато. Седма е Швајцарија со 1.040 тони злато и најголема количина на злато по жител во светот. На шесто место е Кина со речиси дупло поголеми резерви на злато од Швајцарија (1948 тони злато). Сепак, најголем дел од резервите на Кина се чуваат во странски валути, а не во злато.

- Advertisement -

Петта е Русија со 2.295 тони злато, а веднаш зад неа е Франција со малку поголеми резерви од 2.436 тони резерви на злато. Од таа количина 100 тони се златни монети.

Италија е на трето место и има златни резерви од 2.452 тони. На второ место е Германија со резерви од 3.362 тони злато. Германија постојано купува злато од финансиската криза во 2008 година досега. А најголеми резерви на злато во светот имаат САД – речиси трипати повеќе отколку Германија – 8.133 тони.

- Advertisement -

Резервите на злато на САД се речиси еднакви колку што имаат заедно Германија, Италија и Франција. Тие резерви вредат околу 465 милијарди долари. Најголем дел од резервите се чуваат во Форт Нокс во Кентаки.

Во текот на пандемијата послабо се купуваше злато затоа што централните банки ги продадоа резервите за да инјектираат ликвидност во економијата.

(World Economic Forum)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -