Советот за етика во медиумите (СЕММ), со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, објавува конкурс за најдобри новинарски стории за инклузивно известување за различностите за време на Ковид-19.
Повикот за апликации е отворен за сите професионални новинари и редакции во државата за стории објавени во периодот од 1 мај 2020 година до 1 мај 2021 година. Критериумите за наградите вклучуваат автентична и аналитична новинарска работа од поширок јавен интерес, која ги задоволува највисоките етички стандарди во новинарството. Пријавите може да биде во каква било новинарска форма или жанр (текст, прилог, документарец, репортажа, интервју).
Авторите на најдобрите стории ќе ги добијат следниве награди:
- Прво место – ИТ опрема со противвредност од 800 евра
- Второ место – ИТ опрема со противвредност од 600 евра
- Трето место – ИТ опрема со противвредност од 400 евра
Новинари поединци и редакции можат да пријават до три (3) стории.
Конкурсот е отворен до 16 мај 2021 година.
Наградите за најдобри стории поврзани со известувањето за ранливите и маргинализираните групи за време на пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) Советот за етика во медиумите (СЕММ) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги доделуваат за да ги поттикнат новинарите во промовирање на концептот на еднаквост и интеграција на ранливите и маргинализираните групи граѓани преку професионална и етичка обработка на темите од јавен интерес.
Повеќе информации тука: https://www.semm.mk/novosti/calls/898-konkurs-za-najdobri-novinarski-storii-vo-vreme-na-kovid-19.