Холандски дизајнер направи јакна која се претвора во вреќа за спиење

- Advertisement -

Холандски дизајнер дизајнираше јакна која се претвора во вреќа за спиење за бездомниците. Дизајнерот Бас Тимер ја создаде Sheltersuit уште во 2014 година, откако таткото на еден негов пријател, кој живеел како бездомник, умрел од хипотермија.

Првата јакна која ја направил му ја дал на некој бездомник во Холандија. Тој го прашал дали може да ја дели со двајца негови пријатели, а Тимер му одговорил дека ќе им направи јакни и ним.

- Advertisement -

Тие две јакни потоа станале 10, тие 10 станале 100 и така до денес Тимер има подарено јакни на 12.500 бездомници во Европа, Јужна Африка и во САД. Sheltersuit се направени од рециклирани материјали, а ги произведуваат сириски бегалци.

„Sheltersuit е чекор до подобра иднина. Овие јакни има даваат на луѓето достоинство и топлина“ вели Тимер.

- Advertisement -

Идеално сценарио би било засолништата за бездомници да ги купат јакните по многу ниска цена и потоа ќе ги позајмуваат на бездомници кои спијат надвор. Уште побитно е засолништето да воспостави врска со бездомниците, што ќе води до постојана комуникација и евентуално ќе ги тргне бездомниците од улица.

Sheltersuits сега се произведуваат во САД, во Јужна Афика и во Холандија. Тимер се надева дека во текот на наредните неколку години ќе успее да го скалира бизнисот, да вработи многу повеќе бегалци и да отвори фабрика на секој континент.

- Advertisement -

„Ако треба да дистрибуирам 10.000 вреќи и да спасам само 1 живот, вреди да го направам тоа“ вели Тимер.

Во светот има вкупно околу 100 милиони бездомници, кои сега се во поголема опасност од заразување со КОВИД-19 поради лошото здравје и споделувањето помали простории.

(World Economic Forum)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -