Колку помалку ќе ја загадиме планетата ако почнеме да се храниме само со растенија

- Advertisement -

Научниците велат дека ако се префрлиме на исхрана базирана на растенија ќе испуштаме многу помалку јаглерод диоксид и можеме да надоместиме за цели 16 години загадување. За одгледување на зеленчук богат со протеини од типот на мешункасти растенија и јаткасти плодови е потребно многу помалку почва отколку за одгледување добиток.

Но, 83% од сета земја во моментот се користи за сточарство. Со тоа се намалуваат земјоделските површини кои може да се посадат со шуми и друго зеленило кое го апсорбира загадувањето.

- Advertisement -

Ако се посветиме повеќе на земјоделството и посадиме многу повеќе растенија, ќе го дуплираме нашиот „карбонски буџет“, односно остатокот фосилни горива кои можеме да ги трошиме пред глобалните температури да се покачат за 1,5 степени Целзиусови.

Оваа промена на навиките најмногу ќе ја почувствуваат побогатите земји, каде што лесно може да се смени исхраната затоа што нема недостиг од храна. Намалувањето на консумацијата на месо ќе има големо влијание и за подобар квалитет и поголем кванитет на водата, како и за биодиверзитетот и за живеалиштата на дивиот свет.

- Advertisement -

Исхраната базирана на растенија значи и помала веројатност за појава на пандемии, како и поголема отпорност на микроби. Главен виновник за глобалното затоплување се луѓето – ние произведуваме најмногу СО2 и други стакленички гасови. Минатата година емисијата на СО2 достигна максимум, додека во некои места поради карантинот воведен заради КОВИД-19 резултираше со 10%-30% помала емисија на отровни гасови.

Научниците предупредуваат дека ако се вратиме на старо како пред пандемијата занемарливи ќе бидат ефектите на пандемијата. Земјоделството и другите начини за обработка на земјиштето создаваат речиси една четвртина од вкупната емисија на гасовите. На човештвото му се потребни брзи и итни мерки за да се исполнат целите на Парискиот климатски договор.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Vegan Rocks)

Сподели!
- Advertisement -