АППТ: Закрепнувањето на туризмот ќе почне со гостите од регионот

- Advertisement -

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) од денеска и во наредните неколку дена ја придружува екипата на Радио-телевизија Србија (РТС – „Око магазин“) при нивната тура во Охрид и низ источниот дел на земјава.

Агенцијата соопшти дека идејата на екипата е да се стави акцент на источниот и западниот дел на државава при снимања репортажи и да се прикажат интересни места и луѓе во нивната приказна за ТВ-гледачите.

- Advertisement -

– Фокусот е на атрактивни и автентични места, со убав поглед и заштитена природа, вклучувајќи и авантура со теренски возила. Таа почнува од Кратово, Куклици, Берово, па се до Охрид и Вевчани. Ова е само еден од начините на кои АППТ работи на промоција на туристичките потенцијали во државава. Со интензивирање на имунизацијата, се очекува бројот на гостите од регионот да порасне и на тој начин да почне закрепнувањето на туризмот и поуспешна сезона од 2020 година, информира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Веднаш по посетата на екипата од РТС, најавена е посета на земјава од претставници на туристичкиот канал „Балкан трип“ од Србија и 35 тур-оператори од Полска.

- Advertisement -

АППТ посочува дека следува и зголемена дипломатска активност во регионот за промовирање на Република Северна Македонија како сигурна дестинација за патување, а македонските туристички потенцијали остануваат во фокусот на регионалните медиуми преку кампања која ја спроведува Агенцијата.

– Продолжува промоцијата за тоа дека РС Македонија е дел од листата на 100-те дестинации кои ги прифатија безбедносните протоколи на WTTC, кои гарантираат сигурно патување, како и активното аплицирање на безбедносниот печат на поголемиот број  чинители во туризмот, соопшти АППТ. хс/са/

Сподели!
- Advertisement -