Јужна Кореја во август ќе лансира дигитална валута

- Advertisement -

Јужна Кореја оди чекор понапред во развојот на дигитална валута на централната банка CBDC и бара технолошки партнер. Јужнокорејската централна банка сака да лансира пилот верзија на дигиталната валута во август годинава.

И покрај тоа што е глобален технолошки лидер, Јужна Кореја внимателно работи на фронтот на дигиталните валути. Сепак, во март годинава една од најголемите банки во земјата, Шинхан, најави нова платформа за дигитална валута вон. Банката ја повика централната банка да ги здружат силите.

- Advertisement -

Сега Банката на Кореја ги откри своите намери да почне посериозно да работи на дигиталната валута. Банката најави дека сака да склучи партнерство со технолошка компанија за таа иницијатвиа. Според Reuters, банката почнала отворен процес на наддавање за избор на партнер.

Најуспешниот аплилкант ќе работи заедно со регулаторот на истражување на изводливоста на дигиталниот вон во тест средина. Корејската тест пилот програма ќе трае од август до декември годинава, открива банката. Кога ќе биде пуштена во употреба, платформата ќе содржи симулации на комерцијални банки и вистински подружници. Исто така, ќе вклучува плаќање преку мобилен телефон, префрлање на средства и правење депозити.

- Advertisement -

(Coin Geek)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -