Компанија од Богота гради куќи од лушпи од кафе и пластика

- Advertisement -

Компанија во Колумбија користи нуспроизводи од пржењето кафе кои ги комбинира со рециклирана пластика и така гради објекти за живеење по пристапни цени. Станува збор за компанијаѕа Woodpecker WPC од Богота, која користи комбинација од лушпи од кафе и рециклирана пластика за изградба на станбени објекти, штали и складишта.

Цената на таквите куќи изнесува само 4.500 долари. Компонентите од кои се прават објектите лесно се транспортираат и на оддалечени локации. Компанијата обично сама прави објекти, но има и купувачи кои само нарачуваат компоненти и остатокот од работата го вршат сами. Изградбата е многу едноставна и трае помалку од седум дена.

- Advertisement -

Во ноември минатата година ураганот Иота од петта категорија го зафати колумбискиот остров Провиденс и направи голема штета, уништувајќи 1.300 домови, а најдоброто брзо решение беа токму куќите на Woodpecker. Тие станбени објекти се добро решение за рурални предели и заедници со ниска платежна моќ.

Производството на кафе ја загадува водата, а исто така се уништуваат и шуми кои се дом на деликатни екосистеми. Затоа искористувањето на нуспроизводите е многу битно, а компанија од Тајван, пак ги користи за правење облека.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -