Бил Гејтс напиша книга како да се постигне нулта емисија на стакленички гасови

- Advertisement -

Издавачката куќа „Мала градина“ ја издаде книгата на Бил Гејтс насловена „Како да се избегне климатска катастрофа“ неполни три месеци после англиското издание, кое се наоѓа на листата со бестселери на New York Times.

„51 милијарда и 0. Тоа се два броја кои треба да ги запамтите за климата. 51 милијарда е количината на гасови со ефект на стакленичка градина кои светот ги испушта во атмосферата секоја година. 0 е нивото до кое треба да стигнеме до 2050 година“ пишува Гејтс.

- Advertisement -

Доколку не се смени ништо, светот ќе продолжи да произведува стакленички гасови, климатските промени ќе се влошуваат, а нивното влијание врз луѓето ќе биде катастрофално, предупредува тој.

Во книгата Гејтс изнесува сеопфатен и практичен план како светот навреме да стигне до нулта емисија на гасови со ефект на стаклена градина за да се избегне климатски крах. Гејтс 10 години ги истражувал ефектите и причините за климатските промени и со помош на експерти по физика, хемија, биологија, инженерство и политички науки ги идентификувал предизвиците со кои мора да се соочи човештвото за да се достигне нулта емисија на стакленички гасови.

- Advertisement -

Според книгата на Гејтс, секоја земја ќе мора да го смени начинот на кој постапува, затоа што речиси секоја активност во современиот свет – одгледувањето билки и животни, производството, превозот – вклучува испуштање на стакленички гасови во атмосферата.

После излагањето на конкретен и практичен план за достигнување на нулта емисија на стакленички гасови, Гејтс предлага секторски политики кои треба да ги усвојат владите, како и она што ние како поединци можеме да го направиме за своите влади, работодавците и самите себе да се сметаме за одговорни во овој потфат од суштинско значење.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -