Кинезите сакаат да изградат супербрза железница до САД долга 13.000 км

- Advertisement -

Кина моментално има една од најекспанзивните и импресивни брзи железнички мрежи во светот, но нема намера да застане тука. Како што кинеската супербрза железничка мрежа се повеќе се приближува до зафрлените делови од земјата, Пекинг фрла поглед и подалеку од тоа, односно многу подалеку.

Имено, според некои извештаи, Кина сака да изгради супербрза железничка пруга долга 13.000 км со цел да ја поврзе земјата со САД. Таа железничка пруга би се движела преку Сибир, под море низ Беринговиот мореус, па преку алјаска, канадски Јукон и Британска Колумбија се до главната копнена маса на САД.

- Advertisement -

Прашањето што се поставува е колку би чинел еден таков проект, а одговорот е 200 милијарди долари. Плановите за таквата железница се појавија уште во 2014 година, кога локалните медиуми известуваа дека Кина планира да изгради супербрза железница долга 13.000 км. Во тоа време кинеските инженери веќе преговараа си руските колеги за почеток на изградбата на железничката мегалинијаи беа уверени дека изградбата е возможна со тогашната технологија.

Кина веќе направи и други чекори за да покаже дека тој нивни план не еневозможен. Уште во 2018 година ја одобри изградбата на првата супербрза железница во светот која ќе го поврзува Шангај со Жушан, односно архипелаг од острови кој се наоѓа на 77 км од копното на Кина. Таа нова рута ќе има подводен дел долг 16,2 км. На трасата ќе вози т.н. Маглев воз, кој се движи летивирајќи над пругата со помош на магнети. Изградбата на проектот веќе е во поодмината фаза.

- Advertisement -

Меѓутоа, критичарите го поткопуваат проектот како економски застарен, наведувајќи ги товарните бродови и воздушниот транспорт како поевтина опција. Покрај тоа, сметаат дека проектот е премногу комплициран.

(IFLScience)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -