Американска компанија го купи српскиот стартап Nordeus за над 300 милиони долари

- Advertisement -

Српскиот стартап Nordeus се продаде на американската компанија Take-Two Interactive Software, а конечната цена би можела да достигне 378 милиони долари, пренесува порталот Businesswire.

Како што објави компанијата Take-Two Interactive Software, таа компанија ќе плати 225 милиони долари однапред во кеш и акции во вредност од 90 милиони долари, а конечната цена би можела да достигне 378 милиони долари.

- Advertisement -

Основачкиот тим на Nordeus ќе добие надоемст за акциите и ќе продолжи да ја води комоанијата. Делот во кеш ќе биде финансиран од готовина на Take-Two. Nordeus е основан во 2010 година, а се занимава со развој на игри за социјални мрежи и мобилни телефони, со седиште во Белград и канцеларии во Лондон, Даблин, Сан Франциско и во Скопје.

На чело на компанијата се соосновачите Бранко Милутиновиќ, Милан Јововиќ, Иван Стоисављевиќ и Томислав Михајловиќ.

- Advertisement -

„Одушевени сме што се приклучивме на семејството на Take-Two. Од почетокот на разговорите откривем дека делиме заеднички вредности, култура и визија. Од почетокот во 2010 година до она што сме денес Nordeus е граден за на светот да му даде повеќе шампиони преку одлично гејмерско искуство како што е Top Eleven. Возбудени сме и што нашите производи и нашата работа на локално ниво ќе ги подигнеме на следното ниво со нив, додека продолжуваме да ја оставруваме својата цел да ја запишеме Србија на глобалната гејмерска мапа“ изјави извршниот директор Бранко Милутиновиќ.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Nordeus)

Сподели!
- Advertisement -