Пост-ковид тренд: Британските компании со најголем број вработувања од 90-тите години

- Advertisement -

Британските работодавачи во мај во постојан работен однос примија најмногу вработени, откако тие податоци започнаа да се собираат кон крајот на 90-тите, што е уште еден показател дека економијата се опоравува од пандемијата на Ковида-19.

Растот на привремени работните места исто така се зголеми, на највисоко ниво во последните шест години, според Британската агенција за вработување (РЕЦ.

- Advertisement -

– Сега имаме подоследна слика за последните неколку месеци што покажува дека расте довербата и дека се започнати планови за вработување, рече заменик-извршниот директор на РЕЦ, Кејт Шосмит.

Почетните плати се зголемија минатиот месец со највисока стапка од септември 2018 година, бидејќи нагло се намали достапноста на персоналот, што РЕЦ го припишува на несигурноста околу пандемијата и помалку кандидати од ЕУ. – Со зголемувањето на побарувачката, недостигот на вештини и работна сила што веќе постоеше во Велика Британија стана поизразен, а ковидот само ги влоши. Ова е моментално најгорливиот проблем на пазарот на трудот и може да го забави закрепнувањето, рече Шосмит. Минатиот месец, Банката на Англија ги намали проценките за невработеност, кои достигнаа ниво од 5,4 проценти во третиот квартал, по што министерот за финансии Риши Сунак ја продолжи програмата за заштита на работните места до крајот на септември. Британската програма за заштита на работните места досега чинеше повеќе од 60 милијарди фунти (85 милијарди долари). паг/

Сподели!
- Advertisement -