Хеликоптерот на НАСА со уште едно историско достигнување

- Advertisement -

Хеликоптерот на НАСА, Ingenuity, оствари уште еден историски лет. Успешно прелета над 100 метри и се спушти на дел од Марс на кој не бил никој досега, Овој мал хеликоптер два пати ја посети новата локација. Првиот пат лебдеше над потенцијалното место за слетување за да ја провери конфигурацијата на тлото, а потоа и лесно се спушти.

НАСА новото место погодно за слетување го откри благодарение на орбитерот Mars Reconnaissance, кој снима фотографии од Марс од неговата орбита, а од фотографиите беше заклучено дека новото подрачје е прилично рамно и безбедно за слетување.

- Advertisement -

Со новиот успех НАСА се пофали на Twitter, но не објави никакви дополнителни информации за тоа каде точно се наоѓа новото место за слетување, како ни кога бил направен тој историски лет, вкупно седми од слетувањето на хеликоптерот на Марс. Наведоа само дека летот траел 62,8 секунди и дека било поминато растојание долго околу 106 метри.

Со оглед на тоа дека првично било замислено Ingenuity да направи само пет летови на Марс пред да престане да работи, секој дополнителен лет за НАСА е своевидна победа и поставување нови рекорди. Така, моментално е планирано малиот хеликоптер да лета се подалеку и подалеку додека е во функција.

- Advertisement -

Во меѓувреме, роверот Perseverance тргна на пат кон својата јужна дестинација, каде што треба да ги обере првите примероци од тлото, кои потоа во некоја од следните мисии треба да бидат вратени на Земјата.

(NASA)

- Advertisement -

(фото: Twitter)

Сподели!
- Advertisement -