Која земја има најбрзо растечка економија во светот?

- Advertisement -

Економијата на Бангладеш е меѓу најбрзо растечките во светот. Според Светска банка (СБ), во оваа земја со 163 милиони жители, осум милиони од нив излегле од сиромаштија од 2010-та година. Во последните десет години, приходот по глава на жител е тројно зголемен.

Светскиот економски форум издвои четири причини што тие ги сметаат за клучни за забрзаниот економски развој на Бангладеш.

- Advertisement -

Како прва причина, тие наведоа дека има текстилна индустрија која е втора по големина во светот. Кинеската текстилна индустрија е најголема во светот. Извозот на текстилни производи од Бангладеш расте за 16 проценти на годишно ниво.

Друга причина е што има голема и млада работна сила. Бангладеш е осма најнаселена земја во светот. Половина од вкупното население е старо под 25 години. Неговата млада работна сила лесно се прилагодува на новите технологии.

- Advertisement -

Третата причина зошто нејзината економија рапидно се развива е тоа што има растечка дигитална моќ. Имено, оваа земја има 600.000 работници кои работат како „фриленсери“ во ИТ индустријата. Тоа е најголемиот број „фриленсери“ во ИТ индустријата во светот. Ова ја олеснува дигитализацијата во различни општествени сфери.

Четвртата причина е тоа што работи напорно за диверзификација на економијата. Ова вклучува изградба на голем технолошки парк во Дака и план за изградба на 100 специјални економски зони за привлекување атрактивни инвестиции.

- Advertisement -

Светска банка прогнозира дека економскиот раст на Бангладеш годинава ќе биде 8%. Се очекува да биде рангиран меѓу развиените земји во светот во следните 20 години.

Сепак, за да успее во тоа, земјата мора да надмине многу предизвици. Меѓународниот монетарен фонд истакна дека климатските промени се предизвик број еден – една третина од населението во Бангладеш е во опасност да биде раселена поради зголемувањето на нивото на морето.

(Denar.mk)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -