Д-р Александар Митевски: Го донесовме најиновативниот желудочен балон во светот! Слабеење без операција, без ендоскопија и без анестезија!

- Advertisement -

Приватната општа болница Ремедика го донесе во земјава револуционерното решение Еlipse, односно првиот желудочен балон во светот кој се поставува целосно неинвазивно, без операција, без ендоскопија и без анестезија. Целата процедура трае само 20 минути, без никакви последици по пациентот.

За оваа уникатна и иновативна понуда во земјава разговаравме со доц. д-р Александар Митевски, специјалист по општа и субспецијалист по абдоминална хирургија.

- Advertisement -

Разговараше – Верица Јорданова

Ремедика од неодамна започна да нуди нова услуга поврзана со намалување на телесната тежина. Може ли да ни кажете повеќе детали за ова?

- Advertisement -

Станува збор за веќе познат концепт за намалување на телесна тежина кој базира на заземање на дел од волуменот на желудникот со страно тело, најчесто балон. Значи концептот е познат, но технологијата е нова и иновативна. Сите балони или тела за заземање на дел од волуменот на желудникот кои досега се користеа, требаше да се внесуваат во организмот преку посебни интервенции. Новиот балон, Еlipse се внесува во желудникот и се исфрла од истиот на потполно природен начин.

Балонот е сместен во капсула која е прикачена на тенко цревце. Капсулата се голта со чаша вода и кога ќе заземе положба во желудникот, преку рендген се потврдува нејзината правилна позиција. Органската капсула се разложува во желудникот, а балонот се полни со вода преку цревцето. Големината на балонот е колку еден грејпфрут. Цревцето се отстранува и со тоа процесот на поставување на Elipse балонот завршува за околу 20 минути. Ова е единствен и прв ваков вид на процедура за поставување на балон во желудникот.

- Advertisement -

Од каде всушност потекнува оваа иновација и колку време се користи во светски рамки?

Иновацијата на американската компанија Алурион датира од 2009 година, а поконкретните резултати се од 2016 година. Elipse балонот е присутен секаде во светот. Иновацијата и уникатноста се состои во тоа што балонот има ресорптивен дел (се полни со посебна течност) кој по 16 недели се распаѓа и помага балонот да се исфрли од телото по природен пат, преку тоалет. Оваа иновација практично скратува најмалку две хируршки интервенции кај пациентот, за поставување и за вадење на балонот од желудникот. По поставување на балонот во желудникот, корисникот добива чувство на полн желудник, која ќе помогне да се консумираат помали оброци и генерално да го намалите внесот на храна.

Споменавте дека балонот веќе неколку години се користи во светски рамки. Кои се клучните резултати и придобивки од неговата досегашна примена?

Во поглед на резултатите, за овие 16 недели, колку што балонот останува во желудникот, луѓето губат просечно од 10-15 килограми. Секако загубата зависи од самата телесна тежина на пациентот и неговите очекувања. Освен губењето на тежина, поважна е адаптацијата на организмот на одреден начин на исхрана кој во период од 16 недели би станал рутина во секојдневната исхрана на корисникот на балонот. Акцентот се става на промена на навиките за исхрана и преминување на посебен режим на исхрана кој ќе остане и после овие 16 недели. Само така ќе може да се задржи посакуваната телесна тежина која ќе се добие по користење на балонот. Сакам да напоменам дека овој балон не е димензиониран за пациенти со одредени болести, туку за луѓе кои сакаат да ја нормализираат и одржуваат својата телесна тежина.

Дали тоа значи дека паралелно со поставување на балонот, корисникот треба да премине на посебен режим на исхрана?

Самата употреба на балонот не е доволна за да се изгуби телесна тежина. Внесувањето на балонот е поврзано со режим на исхрана кој е поригорозен во првите неколку недели. Потоа, корисникот се враќа на понормална исхрана, но различна од претходно. Балонот притоа помага затоа што неговото присуство во желудникот го намалува лачењето на хормонот за глад, кој понатаму ќе создава чувство на намалена глад. Тоа е важно, затоа што сите луѓе со прекумерна тежина имаат нарушување на механизмот на лачење и регулација на тој хормон. Балонот помага тој хормон да се врати во нормала.

Кај дел од пациентите, кои по користење на балонот ќе се вратат на стариот режим на исхрана, ќе се вратат и килограмите. Затоа е многу важно новостекнатите навики да се задржат и после периодот од овие 16 недели, односно после четири месеци. Регулираните хормони во овој период всушност ќе помогнат во натамошното задржување и регулирање на посакуваната телесна тежина.

Кога во Македонија, односно во Ремедика ќе започне поставувањето на Elipse и кои се „идеални“ кандидати за негово користење?

Во средината на јули планираме да започнеме со првите процедури, кога во нашата болница ќе дојде доктор, колега од Италија, кој ќе биде присутен на првите 3-5 интервенции.

Потенцијални корисници на овој балон се луѓето со Body Mass Index (BMI) над 27. Луѓето со BMI од 27 до 30, со примена на овој балон и променет начин на исхрана, можат многу лесно и брзо да дојдат до посакуваната цел. Lуѓе со BMI над 30, кои имаат и други метаболни нарушувања, како дијабет тип 2, се идеални кандидати затоа што светските резултати укажуваат дека по користењето на балонот, има подобрување на метаболниот синдром, односно полесно регулирање на дијабетот и мастите.

Да појаснам, балонот не е начин на лекување на одредено заболување, туку метод за регулирање на телесната тежина. Пред да се постави балонот пациентите не треба да прават дополнителни иследувања. Единствено треба да се исклучи да немаат некое хормонално нарушување, пример на тироидната жлезда.

За почеток сосема е доволен информативен разговор и да се види општата состојба на пациентот.

Зошто се решивте во Ремедика да го донесете Еlipse балонот?

Бидејќи зголемената телесна тежина на популацијата станува се поголем проблем, сакавме на нашите пациенти да им го понудиме најиновативниот метод за слабеење во светот. Вториот мотив е самата едноставност и ефикасност на методот, кој сметаме дека го заслужуваат и нашите граѓани кои сега имаат можност да им се придружат на над 20.000 корисници на Еlipse програмата за слабеење низ целиот свет.

Консултации со докторот доц. д-р Александар Митевски се закажуваат на телефоните: 02 2603 100 и 072 443 200.

Сподели!
- Advertisement -