Британската компанија Virgin Galactic, која е во сопственост на милијардерот Ричард Бренсон, објави дека добиле одобрение од американкиот воздухопловен регулатор за првите вселенски туристички летови.
„Многу сме задоволни со резултатите од нашиот полседен тест лет, кој ги исполни сите наши очекувања. Летот беше беспрекорен, а резултатите покажаа сигурност и елеганција во нашиот систем. Денешното одобрение од FAA, со кое добивме целосна комерцијална дозвола за лансирање, во комбинација со успехот од последниот лет, ни дава сигурност дека можеме да одиме напред кон првиот лет со екипаж уште летово“ изјавија од Virgin Galactic.
Потврдија и дека во подготовка се уште три тест летови, после што би биле спремни да понудат и вистински комерцијални летови со заинтересирани вселенски туристи. Но, изгледа дека тоа нема да се случи пред 20 јули, кога на својот прв вселенски туристички лет треба да тргне Џеф Безос со леталото на својата компанија Blue Origin.
(Zimo)
(фото: Flickr)