Од 12 јули вакцинација и без закажан термин

- Advertisement -

Министерството за здравство информира дека, почнувајќи од 12 јули, вакцинацијата на граѓаните ќе се одвива во постојните вакцинални пунктови во здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација.

Оттаму додаваат дека почнувајќи од 12 јули, секој граѓанин ќе може да се вакцинира, без разлика дали е пријавен или не се пријавил на веб-страницата vakcinacija.mk

- Advertisement -

„ Секој што сака да се вакцинира тоа ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните што се пријавиле на vakcinacija.mk“, соопшти Министерството за здравство.

(Denar.mk)

Сподели!
- Advertisement -