На 21 јуни годинава Hyundai, Boston Dynamics и SoftBank Group ја најавија аквизицијата на Boston Dynamics од страна на Hyundai за над 1,1 милијарди ндолари. Што значи ова спојување за иднината на роботиката и мобилноста?
Boston Dynamics е компанија за роботика која има за цел да создаде мобилни роботи за да им ги олесни животите на луѓето и секојдневието. Основана е во 1992 година од поранешен професот на МИТ, Марк Рајберт. Една од нивните најпозанти креации, роботот Spot, го имитира движењето на кучињата.
Hyundai е мултимилијардерска компанија со седиште во Јужна Кореја. Во 2019 година тие го најавија проектот Strategy 2025, кој има за цел да се занимава со паметни уреди за мобилност и паметни мобилни услуги. Паметната мобилност е движење кое има за цел да создава технологии кои функционираат како паметен транспорт и го унапредуваат транспортот.
Аквизицијата на Hyunda на Boston Dynamics е уште еден чекор на патот кон станување најдобар провајдер на решенија за паметна мобилност (Smart Mobility Solution Provider) до 2025 година.
Како и на Hyundai, технологиите на Boston Dynamics секогаш ставаат акцент на убавината на мобилноста. Нивната најнова вирална онлајн сензација, роботот Spot, робот-куче, е дизајниран да се движи по секаков терен. Може да гледа на 360 степени благодарение на петте сензори и особено е ефективен за надгледување и собирање податоци на далечина.
Роботите на Boston Dynamics се многу повеќе од модерни чуда на мобилноста и се користат за подобрување на општествата. Според зделката меѓу двете компании, Hyundai и Boston Dynamics се надеваат дека комбинирањето на силите ќе им овозможи заемен раст. Видеото во кое ја најавуваат аквизицијата содржи слеп човек кој го користи роботот Spot како еден вид куче-помошник.
(Interesting Engineering)
(фото: Hyundai)