Тим од научници составен од експерти од Канада и од Кина направи лепак за кожа кој во рок од 45 секунди го стопира крварењето. Научното списание Science Advences ги објави резултатите од научното истражување за потенцијалните лековити својства на ензимот батроксобин, кој се наоѓа во отровот од змијата, најчесто поскокот.
Тимот е составен од истражувачи од канадскиот Универзитет Манитоба, лондонскиот Универзитет Вестерн и Военомедицинскиот универзитет од кинескиот град Чонгкинг.
Како што велат истражувачите, познато е дека змискиот отров убива со разредување на крвта или со своето дејство врз нервниот систем, а батроксобинот предизвикува згрутчување на крвта.
„Како научници си го поставивме прашањето дали можеме да го искористиме тоа како еден вид помош и лек. Еве, успеавме да добиеме позитивен одговор“ велат тие.
Појаснуваат дека во лабораториски услови успеале на база на ензим од змискиот отров да направат лепак кој може да се користи и на терен за стопирање на крварењето при различни повреди на луѓето. Ензимот ќе се активира со посебен ласер или со загревање со светлото од паметните телефони.
Истражувањата покажале дека лепакот од тој вид е 10 пати поефикасен од фибринските лепаци кои веќе се користат во медицината. Се очекува дека новoсоздадениот лепак ќе се најде во масовна употреба за 5 години отсега.
(Science Advences)
(фото: )