Иновативност.мк ви открива дел од магијата на уникатната Helen Doron English методологија за едукација на деца за изучување англиски јазик и целосен интелектуален развој.
За таа цел, ја прашавме г-ѓата Хелен Дорон британски научник и лингвист, основач на Helen Doron Educational Group франшизата да ни раскаже за уникатниот Positive Reinforcement пристап во нивната методологија и како родителите можат да го применат.
Прашање за оваа недела: Доколку му дадам позитивен фидбек на детето додека прави нешто што не е во ред, зарем не го поттикнувам лошото однесување?
Хелен: Самодовербата која се гради во текот на детството може да трае низ целиот живот.
Зависи што подразбираме под лошо однесување. Пред се, позитивен фидбек (positive reinforcement) се случува кога се пристапува позитивно кон тоа што детето го кажува или прави, со што се кажува “одлично” или “колку добро го направи тоа” или “ми се допаѓа тоа што го правиш”. Позитивниот фидбек овозможува секој, и дете и возрасен да се чувствува добро, да се подигне самодовербата и овозможува детето да изгради слика за себе. Доколку некое дете расте во средина каде што постојано се критикува, тогаш тоа несомнено ќе има влијание детето да изгради погрешна и лоша слика за себе. – А таа слика, верувајте, трае цел живот. Ова насилно уништување на нивната слика за себе останува со нив до крајот на животот или се до тој момент кога оваа личност ќе започне да си помага со читање на психолошки книги или со посета на психијатар. Дури и тогаш, навистина е скоро невозможно да се спореди поправањето на лошо изградената слика за себеси со онаа која се гради природно во позитивна атмосфера. Кога некоја личност не се чувствува прифатено, тогаш личноста почнува да го сокрива својот идентитет и да го менува начинот на кој комуницира. Истражувањата посочуваат на тоа дека кога луѓето се однапред под влијание да очекуваат неуспех од себе, тогаш неуспехот почесто се случува. Постои мал дел деца, кои без оглед на тоа каков фидбек добиваат, тие ќе се пробиваат во животот со помош на својата внатрешна сила. Но, ова се навистина ретки случаи. Затоа е од исклучителна важност детето од рана возраст да се чувствува прифатено. Зарем не ни е на сите нам важно да бидеме прифатени? Дури и Вие, како возрасна единка, доколку се опуштите низ дома и започнете да пеете и некој Ви рече, “Те молам престани, се имаш ли слушнато како пееш?” дали повторно ќе бидете толку опуштени да пеете пред некој друг? Од друга страна пак, замисете ја ситуацијата како вие пеете, а некој ви вели “Колку прекрасен глас имаш”, тогаш и вие ќе се почувствувате дека умеете да пеете добро. Фидбекот може да го зацврсти или искрши детето. Кога на детето му се кажува “Браво, одлично!” Вашето дете Ве разбира или преку зборовите или преку веселата интонација која ја користите. Без оглед на тоа колку е мало детето, тоа ќе ве разбере кога му давате позитивен фидбек.
Постојат родители кои не умеаат да препознаат колку е битен и најмалиот напредок и реагираат на следнов начин: Ние правиме се за тебе и оваа ли е најдоброто нешто што можеш да го постигнеш?” Од друга страна пак, постојат родители кои извикуваат “Браво, одлично!” и на најмалиот напредок. – Во овој случај детето помислува во себе дека тоа што го направило е во ред и следниот пат ќе го повтори и ќе биде уште подобро и навистина, ефектот од позитивниот фидбек е секогаш воочлив и неизбежен.
Моќта на пренасочување
Позитивниот фидбек е нешто што најприродно и несвесно се случува помеѓу родителот и детето, но ние на Helen Doron English часовите го користиме како техника која и родителите и учителите треба свесно да ја користат, без оглед на тоа која возраст е детето. Позитивниот фидбек ја има таа моќ да ги отргне мислите од неправилното и детето да се насочи кон позитивната активност. Значи, да одговориме на прашањето – Како да се однесуваме кога детето прави нешто погрешно? На нашите часови, зборот “погрешно” има две различни значења. “Погрешно” може да значи ситуација во која едно дете почнува да турка друго дете – ова го сметаме за вид на насилство и не смееме да велиме “Браво, одлично!”. Напротив, отворено му посочуваме на детето дека тоа не е начинот на кој треба да се однесува, му покажуваме како е прифатливо да се однесува и го прашуваме дали се согласува со нашата забелешка и дали разбира што му посочуваме. Моментот кога детето ќе се согласи со вашата забелешка и ќе изкаже разбирање е совршениот момент да се извика “Многу добро! Одлично!”.
Друг пример за погрешно е следнава ситуација: на детето му се покажува слика од глушец, а тоа извикува “Мачка!”. Во овој случај учителот треба да рече “Ова е глушец”, потоа детето ќе го повтори она што учителот го рекол и учителот треба да даде позитивен фидбек, односно да извика “Одлично, да, ова е глушец!”. Доколку вака постапиме детето ќе заборави на својот погрешен одговор и ќе се чувствува удобно. Без оглед на тоа дали се работи за погрешен одговор при учењето или лошо однесување, секогаш треба да им го покажеме правилниот начин и откако ќе го повторт она што сме го кажале или ќе се согласат со нас, ние им даваме позитивен фидбек и внимаваме на нивните понатамошни реакции.
Малите деца не обрнуваат внимание на негациите во речениците
Пред неколку години, седев со еден човек и тој ми раскажа за една интеракција помеѓу него и неговото две годишно дете. Човекот му кажал на детето да не го допира огнот кој им бил во близина. Но, првото нешто што детето го сторило после оваа реченица било токму тоа – допирање на огнот. Човекот зачудено ме праша што мислам за оваа ситуација. Јас му одговорив дека мое мислење е дека децата не обрнуваат внимание на негациите во речениците додека се мали, тие се сконцентрирани на другите поважни зборови во реченицата, како на пример во тој случај, детето слуша “огнот” и “допирај”, а го занемарува “не”. Затоа, наместо “не го допирај огнот”, подобро е да кажеме “тргни се настрана”.
Годините кои ги имаме посветено на предавање на англискиот јазик не научија дека позитивниот фидбек е една од клучната состојка за нашиот успех и ефективноста на методот. Преку нашиот медот ние ја градиме самодовербата кај децата. Позитивниот фидбек е нешто што мора да се применува. Вака ги обучуваме и нашите учители. За време на обуките ние даваме на знаење колку е битно да се применува оваа техника во текот на наставата. На овој начин, нашите учители создаваат прекрасна атмосфера на часовите и допринесуваат за успехот на методот. За жал, постојат учители кои не знаат да ја користат техниката (positive rainforsment), бидејќи тоа не е во нивната природа како личностт или толку се навлезени во некоја методологија по која предавале претходно, што давањето критика, наместо позитивен фидбек е правилниот пристап според нив. Но, за среќа, постојат учители кои не само во училницата, туку оваа техника започнуваат да ја применуваат и дома. Многу луѓе го имаат подобрено квалитетот на својот семеен живот преку свесното применување на позитивниот фидбек, што полека прераснува во тренд и во модерната психологија. Се сеќавам на времето кога моите деца беа мали. Дури и кога моравме сите заедно да патуваме со авион, со часови и часови никогаш го немаше она туркање, викање и сцени кои може да ги забележите кај некои фамилии. Сигурна сум дека позитивниот фидбек одигра многу важна улога во тоа на кој начин ние се однесувавме еден со друг. Децата се чувствуваа прифатени и дел од фамилијата. Тие знаеа што се очекува од нив и се однесуваа во согласност со тие очекувања. Некои деца не знаат што се очекува од нив, бидејќи единственото нешто што постојано го слушаат е “Не! Немој!”. Ова е нешто за кое мора многу сериозно да се размислува и да се искорени. Доколку почнете да применувате давање позитивен фидбек, можете да ги го промените животот на многу подобро.
Helen Doron English франшизата ја имаме и во Македонија со 15 училишни центри низ државата. Оваа е девета година како успешно опстојува, правјеќи ја Helen Doron English едукацијата достапна и за нашите деца.
Доколку сакате одблиску да се запознаете со уникатната Helen Doron методологија резервирајте си бесплатен ДЕМО час во еден од ХД училишните центри најблиску до вас:
Helen Doron Aerodorm – 078 388 403
Helen Doron Centar – 072 236 356
Helen Doron Karpos – 078297949
Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
Helen Doron Kapistec – 070 984 435
Helen Doron Cair – 072 206 622
Helen Doron Veles – 075 340 443
Helen Doron Tetovo – 075 224 242
Helen Doron Bitola – 075 232 778
Helen Doron Prilep – 077 699 961
Helen Doron Ohrid – 077 613 815
Helen Doron Stip – 078 757 455
Helen Doron Gevgelija – 078 220 391
Helen Doron Strumica – 071 242 476
Helen Doron Kocani – 071 314 499