Европската унија го гради Сауроновото око со кое ќе ја набљудува вселената

- Advertisement -

Европската унија сè уште не ја формирала својата војска, но таа е решена да постави системи за рано предупредување на опасностите во вселената и опасностите од балистички и хиперсонични закани од Земјината орбита.

Европската комисија не сака изненадувања од вселената или пак од Русија и Кина. Затоа се движи кон изградба на два системи за рано предупредување, од кои секој е надлежен за една од горенаведените области. Едниот го носи името на таткото на нордиските богови, а другиот на најголемото зло од трилогијата на Толкин „Хобит“ и „Господарот на прстените“.

- Advertisement -

Европската унија повеќе не сака да зависи од добрата волја и технологијата на Соединетите држави во врска со овие прашања, па затоа, како што пишува германски Билд, се сврте кон концернот „ArianeGroup“ и германската компанија за вселенска технологија OHB од Бремен. Секоја од двете компании ќе се осврне на изградбата на едно од двете набљудувачки очи што треба да ја предупредат Европа за закани од вселената или Земјината орбита.

Системите ќе бидат наречени Одиново око и Сауроново око.

- Advertisement -

ArianeGroup ќе биде задолжен за окото на Саурон, кој ќе ја преземе изградбата на сензорите за напредна употреба и препознавање на ситуацијата во надворешниот простор (Sensors of Advanced Usage and Reconnaissance of Outerspace situatioN, односно скратено Sauron)..

Ние сакаме да им обезбедиме на клиентите целосна мапа на универзумот: што лета таму, каде, во каква орбита и како се движат овие летечки објекти? Притоа, важно е да се открие дали овие летечки објекти се пријателски – или не. На пример, дали се овие делови од вселенски остатоци?, изјави за Билд Пјер Годар, раководител на „ArianeGroup“.

- Advertisement -

Вештачката интелигенција, напредните алгоритми и ласерите исто така треба да играат голема улога во двата система. Системите треба да можат да ги разликуваат и најмалите предмети и да ги идентификуваат.

Од друга страна, Одиновото окото ќе се направи како систем за рано предупредување и идентификација на балистички тела и хиперсонични предмети, како што се нуклеарното оружје на Русија или Кина.

Годар вели дека системите ќе користат девет телескопи распространети на повеќе континенти и така вмрежени што ќе можат да го скенираат целото небо. Годар нагласува дека просторот стана клучна инфраструктура и дека набљудувањето на орбитата е исклучително важно со цел да се заштитат европските сателити.

Очите на Саурон и Один не се борбени системи. Европската комисија го остава проблемот со одбрана од можен балистички напад на секоја одделна европска земја да го реши самостојно.

(Denar.mk)

Сподели!
- Advertisement -