Xiaomi се искачи на прво место на европскиот мобилен пазар

- Advertisement -

Откао Xiaomi го претекна Apple и го зазеде второто место на глобалниот пазар за мобилни телефони, одлични вести за компанијата стигнуваат од европскиот пазар. Според последните податоци на Strategy Analytics за вториот квартал, Xiaomi забележа голем раст на испораката на паметни телефони на тој пазар и го престигна Samsung и го зазеде првото место како најпопуларна компанија за мобилни телефони во Европа.

Што се однесува на целиот европски пазар на паметни телефони, таму е забележан раст од околу 14% и во текот на тој квартал испорачани се околу 50 милиони паметни телефони. Од Strategy Analytics велат дека тоа е резултат на економското закрепнување, се попристапните цени на уредите со поддршка за 5G и поголемата побарувачка на корисниците.

- Advertisement -

Во тој период Xiaomi забележа пораст од над 67% во однос на истиот период минатата година и зазедоа една четвртина од пазарот. Испорачани се 12,7 милиони паметни телефони, додека Samsung испорачал 12 милиони телефони и зазеде 24% од пазарот. Она што би можело да ја загрижува јужнокорејската компанија е падот на бројот на испораки од 7% во однос на вториот квартал минатата година.

На сигурното трето место е Apple со удел од 19,2% на пазарот и испорачани 9,6 милиони уреди.

- Advertisement -

Од Strategy Analytics нагласуваат дека Xiaomi остварил посебно добар резултат во Русија, Украина, Шпанија и во Италија.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -