Од 16 август на настани ќе може да се присуствува само со потврда за примена вакцина

- Advertisement -

Од 16 август на сила ќе бидат задолжителни потврди за вакцинација со најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, но и за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани)…

Ова е една од клучните одлуки што Владата ја донесе на вечерашната седница со цел спречување на ширењето на новиот бран на Ковид-19.

- Advertisement -

Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација со најмалку прва доза вакцина се однесува на лица над 18-годишна возраст.

Од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворен простор во сите угостителски објекти (и во кафетереии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави, како на пример свадби, или друг тип објекти од затворен тип.

- Advertisement -

Од Владата информираат дека до 15 август, сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на Ковид-19 мерките, со исполнетост до 40% од капацитетот и најмногу 250 гости, согласно постојните протоколи кои се во сила.

За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи.

- Advertisement -

Се задолжуваат надлежните инспекциски служби во претстојниот период да ги интензивираат контролите со цел стриктна примена и почитување на превентивните препораки, времените мерки и наредените мерки по однос на Ковид-19.

(Denar.mk)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -