Трајниот мраз во Русија се топи – куќите во околината тонат

- Advertisement -

Животот во одделни делови од Русија стана опасен. Во некои региони на луѓето буквално тлото им го снемува од под нозете, а тоа се случува пред се затоа што како последица на покачените температури се топи трајно замрзнатото тло, кое попишта под товарот на горните слоеви. Најочигледни последици на оваа појава се дупки на патиштата и свлечишта, пишува DW.

Загрозени се и многу станбени згради. После топењето на пермафростот или трајниот мраз постои опасност ос срушување на зградите, велат експертите од градот Норилск на Леденото Море, кои сакаат с војот град да го направат безбедно место за живот.

- Advertisement -

Во Норилск некои од куќите стојат на столбови кои се длабоко всадени во тлото. Столбовите одат 10 до 30 метри во длабочина затоа што со ставање на столбовите толку длабоко се спречува срушување на зградите после топењето на толото и окемнувањето на земјата.Сепак, на многу градежни локации во Норилск се забележуваат пукнатини, а тлото никогаш не мирува.

Како што велат експертите, ако продолжи загревањето повеќе ни слабоките столбови нема да го спречат срушувањето на куќите. Кога тлото ќе се стопи 3 до 5 метри во длабочина, велат експертите, целото земјиште ќе се спушти за еден метар надолу. Оваа појава претставува голем проблем за земјата која по површина е најголемата во светот, но речиси 2/3 од Русија се покриени со пермафрост или трајно замрзнато тло. Станува збор за голем замрзнувач во кој лежат остатоци од билки и животни кои уште не ги раствориле бактерии. Тие ќе се активираат дури кога температурите ќе се подигнат и тлото ќе омекне.

- Advertisement -

Токму тоа се случува во многу региони во Русија, кои инаку се под постојан лед. Додека проблемот со ослободувањето на штетните гасови во атмосферата е видлив само за научниците, во многу делови од Русија тој проблем на своја кожа сега го чувствуваат многу жители на субполарниот регион. Во Норилск прецизно се бележи секоја штета која натсанува поради топењето на мразот. Градоначалникот на Норилск зборува за 240 згради кои треба делумно или целосно да се обноват или повеќе нема да бидат погодни за живот. На секоја трета зграда во Норилск се видливи деформации.

Во светот на пермафрост се узградени околу 1.000 населени места и градови со околу 5 милиони жители. Според некои пресметки, за 30 години 42% од тие населени места ќе бидат погодени поради топењето ан пермафростот. Само во Русија околу 20% од инфраструктурата во тие подрачја може да бидат уништени. Руското Министерство за заштита на околината можната штета ја процени на околу 57 милијарди евра.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Ponderwall)

Сподели!
- Advertisement -