Xiaomi ги изненади сите – го претстави својот робот CyberDog

- Advertisement -

Освен нови модели на паметни уреди, Xiaomi вчера го претстави и робото-куче наречен CyberDog, кој многу потсетува на роботот Spot на Boston Dynamics. И двата роботи навидум изгледаат агресивни, малку и застрашувачки, но од Xiaomi велат дека CyberDog нема некоја конкретна цел, туку роботот е наменет првенствено за девелопери кои за него ќе развиваат различни апликации со кои ќе овозможат бројни опции. Значи, границата е нивната девелоперска фантазија.

Сајбер кучето работи на AI платформата на Nvidiа, Jetson Xavier NX и е опремен со 11 рзлични сензори – од ултразвучни сензори и камери до GPS, благодарение на кои може да препознава предмети во близина и да се движи полуавтономно.

- Advertisement -

Иако тешко може да се замисли некој да го чува CyberDog како домашен миленик, од Xiaomi велат дека роботот може да ги следи своите сопственици и да одговара на гласовни наредви. Може да препознае зборови за активација, а со него може да се управува и преку апликација на паметен телефон.

Од Xiaomi велат дека нивниот робот може да направи дури и салто наназад и дека неговата максимална брзина изнесува 3,2 м/с, што е побавно од 3,9 м/с колку што може да трча Spot.

- Advertisement -

Xiaomi роботот го опремил и со три USB-C приклучоци и еден HDMI приклучок, за на него да може да се поврзат перифесни уреди. Како пример споменуваат можност за поврзување LIDAR, панорамски камери и светла за пребарување.

Роботот дури и не е толку скап. Тој чини 1.500 долари, што е ништо во споредба со 75.000 долари за роботот Spot.

- Advertisement -

(The Verge)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -