ЕУ воведува стандарден полнач за смартфони?!

- Advertisement -

Европската комисија во септември ќе претстави закон со кој на територијата на целата Европска унија се воведува единствен полнач за смартфони и други електронски уреди. Иницијативата е стара повеќе од 10 години и своевремено имаше силна поддршка од Гинтер Ферхојген од 2004 до 2010 година, кога беше европски комесар за индустрија и претприемништво. Меѓутоа, тогаш беа остварени само скромни резултати.

Европскиот парламент во 2020 година со мнозинство гласови се изјасни за воведување единствен стандарден полнач за мобилни телефони, што е образложено со еколошки причини и потребите на корисниците. Европската комисија сега планира нацрт соодветен закон, изјавија извори блиски на Комисијата.

- Advertisement -

Таквиот потег најмногу би ја погодил компанијата Apple, а помалку конкурентите затоа што Apple користи кабли со Lightning конектор, за разлика од Аndroid уредите, кои користат USB конектор.

Половина од полначите продадени со телефони во ЕУ во 2018 година биле со микро USB-B конектор, 29% со USB-C конектор, додека 21% биле со Lightning конектор, утврди Комисијата во студија во 2019 година.

- Advertisement -

Apple, Samsung, Huawei и Nokia потпишаа меморандум за разбирање, кој предвидуваше стандардизација на полначите за мобилни телефони. Тој договор резултираше со значително помал број на разни полначи и пренасочување на пазарот на USB2.0 микро B конектори.

И покрј обидите од 2018 година до крајот на годината да се стандардизира пазарот, Европската комисија не успеа да го спроведе тоа. Во својата студија од 2019 година Европската комисија сугерираше пет опции за стандарден полнач, од кои три се однесуваат на конекција на самиот уред, а два на екстерен полнач.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -