Проектот за чистење на океаните на Ocean Cleanup доби надградба и сега уште поефикасно го чисти Тихиот Океан

- Advertisement -

Откога првпат се појави со својата храбра визија за чистење на океаните и морињата од натрупаната пластика во 2013 година Ocean Cleanup Project досега има направено многи промени на дизајнот нa бариерите за заловување на отпадот. Последната надградба е најбитната досега затоа што со неа од пасивен дизајн кој се базира на струите во океаните за да го туркаат отпадот се претвора во дизајн со активна пропулзија.

Првично идејата за системот на Ocean Cleanup Project беше да бувката, која со помош на струите на водата ќе го собира отпадот и потоа со бродови ќе се транспортира до депонии. Подоцнежните верзии ги користеа струите на водата, ветрот и брановите. Сепак, тестирањето на тој систем на големиот остров од отпад среде Тихиот Океан наречен Great Pacific Garbage Patch покажа дека дизајнот не е толку ефикасен и системот се мачи да го собере отпадот. Затоа, системот доби надградби, од кои една од побитните е огромниот падобран дзајниран да го забави движењето на бариерата за пластиката која се движи побрзо да може да влезе во отворот и да остане таму.

- Advertisement -

Тимот сега се откажа од идејата за пасивен систем и премина на активна пропулзија и поставија мотори на краевите на U формата кои ја движат бариерата со постојана брзина од 1,5 јазли или околу 2,7 км/ч. Идејата е да се вовлече пластиката како низ инка до крајниот дел и да остане таму. Предноста на моторите е тоа што може бариерата да се однесе на места каде што има поголема концентрација на отпад. Друга предност на новиот дизајн е тоа што ќе биде полесно да се скалира и да стане комерцијално достапен.

Друг битен елемент на дизајнот е се постави на местата каде што најзагадените реки се влеваат во морињата и океаните со системот наречен The Interceptor. Тимот сака да ја намали пластиката која плови во океаните за 90% до 2040 година.

- Advertisement -

(New Atlas)

(фото: Ocean Cleanup)

Сподели!
- Advertisement -