Кина сака да гради џиновска соларна станица во вселената

- Advertisement -

Кина треба да почне да тестира потенцијално револуционерна технологија која ќе овозможи генерирање огромни количини соларна енергија во кој било период од денот. За тоа ќе биде потребна орбитална станица која ќе ја испраќа соларната енергија на Земјата од вселената.

Се оди според планот и тестовите кои ќе се одвиваат во градот Чонгкинг во југоисточна Кина треба да доведат до изградба на огромна соларна станица од 1 мегават во вселената до 2030 година. Кина е најголемиот производител на соларни панели и планира постепено да го зголемува капацитетот на орбиталната соларна станица за до 2049 година да достигне 1 гигават.

- Advertisement -

Изградбата на тест полигоните вредни 15,4 милиони долари беше стопирана пред три години поради дебата за трошоците за проектот, за изводливоста и безбедноста. Но, сепак, повторно беше стартувана во јуни годинава, а се очекува да биде довршена до крајот на годината.

Таму ќе се тестираат технологии кои ќе овозможат моќниот енергетски зрак од вселената ефикасно да пенетрира низ сите облаци и исто така прецизно да стигнува до станица на Земјата без да предизвика никаква штета на околните градби и да ги повреди луѓето.

- Advertisement -

Идејата за вселенска соларна страница датира од 1960-тите години. Технологијата има потенцијал да надмине неколку ограничувања на традиционалните соларни фарми. Најбитно е тоа што на висина од 36.000 км геостационарната соларна станица ќе може да ја избегне сенката на Земјата и ќе биде под директна сончева светлна 24 часа на ден.

Собраната енергија на Земјата ќе се испрача во форма на високофреквентни микробранови, а технологијата ќе овозможи да дојде до Земјата со минимална загуба на енергија.

- Advertisement -

Истражувачите во Чонгкинг успешно спровеле тестирања на висина од 300 метри над Земјата со помош на балони на топол воздух, а сакаат да спроведат истражување на висина од 20 км со помош на брод откако ќе се комплетира изградбата. Зоната со тест полигони ќе има околу 2.000 квадратни метри и ќе биде опкружена со чиста зона пет пати поголема. Локалното население нема да смее да доаѓа таму поради нивна лична безбедност.

(Interesting Engineering)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -