Во Јапонија се создаде нов остров

- Advertisement -

Јапонскиот архипелаг е збир од над 6.800 острови, а еден нов остров се појави пред неколку дена. Санува збор за тло во форма на буквата C со дијаметар од 1 км, кој го забележа јапонската крајбрежна стража. Островот е откриен после подводна ерупција на вулкан оддалечен 50 км јужно од Иво Џиме, дел од островот Огасавара во Тихиот Океан.

Крајбрежната стража соопштила дека имало експлозивни вулкански активност и пареа и гасови, кои се подигнувале од површината на океанот до 15 км. Потоа била забележана и голема вулканска карпа.

- Advertisement -

Новиот остров, всушност, е врвот на масивниот подводен вулкан Футутоку-Оканоба. Кога ваквиот подводен вулкан ќе еруптира, лавата може да создаде нов материјал кој се подига на нивото на морето и формира вулкански острови. Ова не е ретка појава, особено не во околината на Јапонија. Нови острови се формирале на овој начин во Јапонија во 1904, 1914 и во 1986 година. Ерупцијата која се случи во 2013 година формираше нов остров кој со блискиот остров Нишиношимо формираше форма слична на Снупи.

Овој најнов остров би можел да постои само привремено, но може и да остане трајно ако продолжи ерупцијата на вулканот. Островот Суртси на Исланд е уште еден пример за остров формиран од вулканска ерупција. Во 1963 година островот го достигна нивото на морето и продолжи да расте поради ерупциите до 1967 година. Сурсти сега е означен како природен резерват, а на научниците им е дозволено да го посетуваат.

- Advertisement -

Новоформираните вулкански острови се особено битни затоа што научниците веруваат дека тие се лулка на животот уште од времето кога Земјата била целосно покриена со лава.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -