Mastercard најави крај на ерата на картички со магнетна лента

- Advertisement -

Водечката технолошко-финансиска компанија Masterkard најави дека ќе престане да издава картички со магнетна лента. Како што пренесе BBC, до 2033 година ниедна од дебитните или кредитните картички на Masterkard нема да имаат магнетна лента, а банките во многу региони, вклучувајќи ја и Европа, ќе можат да издаваат картички без лента веќе од 2024 година.

Велика Британија уште во 2006 година премина на картично плаќање со чип и сп пин, кои се во широка употреба и во остатокот од Европа, но во САД уште се користат магнетни ленти.

- Advertisement -

Од Masterkard тврдат дека картичките со чип, како и новите биометриски картички кои користат отпечатоци од прст нудат поголема сигурност. Магнетната лента е развиена во 60-тите години од минатиот век во склоп на проектот на IBM за создавање лични карти за персоналот на ЦИА.

Од Masterkard велат дека пандемијата поттикнала различни начини на плаќање, а бесконтактното плаќање кое може да се прави со картичка или со телефон се зголеми за повеќе од 1 милијарда трансакции во првиот квартал од 2021 година во однос на истиот период минатата година.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -