Европската Комисија предупредува дека ЕМА не ја одобрила третата доза на вакцина

- Advertisement -

Земјите-членки на ЕУ кои ќе одлучат да користат засилувачки дози на вакцината против  „Ковид-19“ може да се соочат со зголемен правен ризик бидејќи употребата на дополнителната доза се уште не е одобрена од Европскиот регулатор за лекови.

Европската агенција за лекови (ЕМА) постојано нагласува дека се потребни повеќе податоци пред да се одобрат дополнителни дози на вакцината, но осум земји -членки препорачале засилена доза, а многумина се подготвуваат за слична одлука.

- Advertisement -

Дополнителните дози во моментов не спаѓаат под овластување за употреба на вакцината против „ Ковид-19 “и сеуште не се научно оценети од ЕМА поради недоволни податоци“, се вели во соопштението на Европската комисија испратено денеска до Ројтерс.

„Додека не се одобрат дополнителни дози, одговорностите на компанијата се менуваат“, се додава. Ова значи дека во случај на неочекувани несакани ефекти кои можат да бидат поврзани со зголемената доза, земјите -членки би можеле да бидат одговорни за какви било правни последици и барања за надомест.

- Advertisement -

Комисијата, сепак, посочува дека одговорноста на компанијата не завршува целосно ако се инјектираат засилувачки дози без одобрување од ЕМА.

Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ) вели дека Австрија, Белгија, Франција, Унгарија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург и Словенија во моментов препорачуваат употреба на дополнителни дози, а Германија планира да ја одобри наесен.Тринаесет други членки, исто така, размислуваат да донесат таква одлука.

- Advertisement -

Во последните месеци, Европската унија нарачала милијарди дози од неколку производители во наредните години, велејќи дека може да бидат потребни дополнителни дози за борба против новите варијанти на ковид-19. Овие дози може да се донираат и за посиромашните земји.

Можниот надоместок за неочекуваните несакани ефекти од вакцината ќе биде решен на национално ниво.

Некои земји од ЕУ, вклучувајќи ги и најголемите, имаат програми за компензација насочени кон вонсудски надомест за потенцијалните жртви, но критериумите за надомест во голема мера се разликуваат. Во други случаи, наводните жртви ќе треба да одат директно до судовите за да го решат нивниот случај.

Фото – Pxhere

Сподели!
- Advertisement -