Побарувачката за чиста енергија постојано расте, па затоа се развива и индустријата за турбини на ветар. Кинеска компанија за чиста енергија ја претстави најголемата турбина на ветар во светот, која може да произведува енергија за 20.000 домаќинства за цела година.
Според проценките на Energy Information Administration (EIA), цената на производството на енергија од турбини на ветар е 31 долар по мегават-час, што е споредливо со соларната енергија и со геотермалните извори на енергија. Сепак, кога ќе изградиш турбини на вода, цената расте до 115 долари за мегават-час. Со цел да се намали таа цена, се градат поголеми турбини кои произведуваат повеќе енергија.
Кинеската Mingyang Smart Energy Group ја претстави својата турбина на ветар од 16 мегавати. Турбината се вика MySE 16.0-242 и има дијаметар од 242 метри. Секоја од перките е долга 118 метри. Во споредба со претходната голема турбина на кинеската компанија со капацитет од 11 мегавати, новата турбина има 19% поголем дијаметар, но производството на енергија е речиси дуплирано.
Секоја таква турбина може да генерира до 80.000 мегават-часови енергија годишно, што е доволно за напојување на 20.000 домаќинства. Освен тоа, секоја турбина ќе помогне да се заштеди емисија на СО2 од 1.6 милиони тони годишно.
Од кинеската компанија велат дека иако е голема, турбината има мала маса и нејзиното производство не е толку скапо. Се очекува прототипот на турбината да биде готов во 2022 година и ќе биде инсталирана или на дното на морето или на посебна платформа.
(Interesting Engineering)
(фото: Mingyang Smart Energy Group )