Американските власти одобрија дозвола која на кинески Huawei ќе им овозможи купување чипови за развој на сопствени автономни автомобили, објави Reuters. Оваа дозвола ќе им овозможи на американските производители на чипови деловна соработка со Huawei, кој повеќе од две години е на црната листа на американската администрација.
Поради актуелната забрана сите американски компании кои сакаа да соработуваат со Huaweij мораа да бараат посебан дозвола од американската администрација, а целосно беше забранета продажбата на чипови кои Huawei би можел да ги користи во развој на 5G технологија и паметни телефони.
Чиповите кои користат во автомобилската индустрија не се сметаат за толку софистицирани, па дозволата за нивна продажба е поедноставна и полесна за одобрување. Според информациите на Reuters, дозволата покрива продажба на чипови за компоненти како што се видеоекрани и сензори во автомобилите.
Да ве потсетиме, администрацијата на тогашниот претседател Доналд Трамп во 2019 година го стави Huawei на црната листа под обвинение дека активностите на Huawei ја загрозуваат американската национална безбедност и надворешно-политичките интереси. Потоа САД тргна во кампања за исфрлање нa уредите на Huawei од својата комуникациска структура поради страв од шпионирање. Таквите обвиненија Huawei постојано ги одбиваше.
Во меѓувреме Huawei го продаде својот бренд Honor, а фокусот од паметните телефони го префрли на други паметни уреди и на развој на паметни автомобили. Одобрувањето на бизнисот со американските доставувачи и производители е чекор во тој правец.
(Reuters)
(фото: Wikimedia)