Гугл гради два нови центри во Германија, ќе инвестира една милијарда евра

- Advertisement -

Технолошкиот гигант Гугл соопшти дека планира да инвестира една милијарда евра во изградба на два нови центри за податоци во Германија, со цел да ја зајакне својата позиција на пазарот и да избегне регулаторни и правни проблеми.

– Центарот за податоци во Ханау ќе биде само 20 километри оддалечен од најголемиот интернет центар во светот, DE-CIX, изјави Филип Јустус, шеф на Гугл за Централна Европа.

- Advertisement -

Тој додаде дека четирикатната зграда со корисна површина од околу 10.000 метри квадратни ќе стане целосно оперативна следната година.

Паралелно, Гугл ќе воспостави нова облачна област во Берлин-Бранденбург, иако не прецизираше каде ќе се наоѓа новиот центар за податоци. Главната цел на облачните области на Гугл е да ги доближи услугите на компанијата до клиентите, а брзината на пренос на податоци ќе биде значително подобрена во споредба со онаа преку Атлантикот.

- Advertisement -

Употребата на центри за податоци во САД, исто така, може да предизвика правни и регулаторни проблеми кога станува збор за услугите за европските корисници.

Сподели!
- Advertisement -