Најбрзиот воз во светот ќе добие вагони наменети само за онлајн-состаноци

- Advertisement -

Ако постои компанија која најмногу се прослави во текот на пандемијата тоа сигурно е Zoom. Апликацијата за онлајн состаноци стана неизоставна алтка за милиони вработени кои преку ноќ од канцеларија и состаноци во живо преминаа на работа од дома и онлајн состаноци. Со оглед на тоа дека многумина ќе продолжат да работат така, и во иднина ќе бидат потребни апликациите од типот на Zoom, Teаms и други.

Токму затоа, Јапонските железници, односно Central Japan Railway Company сака да ги прилагоди своите возови и вагони на таквата иднина за луѓето да можат да работат и додека патуваат со нивните ултрабрзи Shinkansen возови со брзина од околу 300 км/ч. Така, компанијата ги најави т.н. S-Work вагони, кои медиумите ги преименуваат во Zoom вагони, а кои се целосно прилагодени на работниците кои ќе одржуваат онлајн состаноци додека се возат со воз.

- Advertisement -

Иако во возовите веќе постои WiFi, Zoom вагоните ќе овозможат двојно поголема брзина на сурфање, седиштата ќе бидат опремени со приклучоци за луѓето да можат да ги полнат компјутерите или смартфоните. Исто така, во вагоните ќе може да добијат и компјутерски глушец, посебна подлога за лаптоп и посебен екран со кој ќе можат да го заштитат лаптопот за другите да не можат да видат што гледаат или пишуваат.

Покрај тоа, во вагоните ќе има и посебни кабини за разговори преку Zoom. Интересно е тоа што станува збор за стари кабини за пушење, чие користење минатата година беше забрането и сега тој простор е искористен како место за онлајн состаноци.

- Advertisement -

Zoom вагоните нема да бидат достапни во сите возови, туку само во моделите Shinkansen N700S и само на одредени рути.

(Tech Times)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -