Отворен адреналински парк во Карпош

- Advertisement -

Паркот се протега на над 10.000 метри квадратни и истиот е во вредност од над 700.000 евра, финансиран од ЕУ и локалната самоуправа.

За овој ултра модерен адреналински парк сакам да упатам благодарност за поддршката до Делегацијата на Европската Унија, која препозна успешен проект и на Општината која аплицираше на повик и беше доделен грант во висина од 38 милиони и 100 илјади денари во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност преку кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, и Светската банка. Дел од инвестицијата е и на локалната самоуправа, која во овој проект вложи околу шест милиони денари со што вкупната вредност на адреналинско-рекреативниот парк е над 700.000 евра“, рече премиерот Заев по обиколката на реквизитите и одделните секции на новиот парк, која ја изврши заедно со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, Дејвид Гир, со претставници на Проектот за локална и регионална конкурентност, на Светската банка и на компанијата која ќе раководи со паркот.

- Advertisement -

„Паркот одлично се вклопува во околината на кејот на Вардар, близината на градскиот парк, а очекувам да се вклопи и во новиот парк во Карпош 4, чија реализација ја оставивме за претстојниот период”, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој додаде дека за разлика од пред неколку години, а особено по пандемијата, може да се забележи дека Скопје навистина има многу нови спортски содржини на отворено и тоа во речиси сите скопски општини.

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, истакна дека станува збор за прва спортско-рекреативна зона во Скопје од таков тип, која покрај игралишта за фудбал и одбојка на песок со трибини, реконструиран скејт парк, сквер, детско игралиште и соодветна урбана опрема со еколошко осветлување, содржи и адреналински дел.

- Advertisement -

(Denar.mk)

Сподели!
- Advertisement -