„Џенерал Моторс” затвора дo 15 фабрики поради недостиг од чипови

- Advertisement -

„Џенерал Моторс” привремено ќе затвори осум од 15 северноамерикански фабрики за седмица, почнувајќи од понеделник, поради влошениот глобален недостаток на микрочипови.

Пандемијата со коронавирусот и други катастрофи ги нарушија синџирите на снабдување со полупроводници, што се клучни за илјадници компјутерски контролирани системи во новите возила.

- Advertisement -

Недостатигот принуди GM да ги премести чиповите што ги има во мал број фабрики што произведуваат најпопуларни и најпрофитабилни возила на компанијата, како што се џиповите (SUV) и пикапите, јави Си -Ен -Ен.

Недостигот на чипови предизвика повисоки цени што ја поттикнуваат инфлацијата, јави Аксиос.

- Advertisement -

Сепак, се чини дека на повидок е олеснување за производителите на автомобили и другите производители што бараат полупроводници, бидејќи производителите на чипови го зголемуваат производството за да ја задоволат побарувачката.

Сподели!
- Advertisement -