LG направи вистинско еластично стакло

- Advertisement -

LG претстави нов заштитен слој за флексибилните екрани на телефони, за кој тврди дека е вистинско стакло кое се втика. Новиот слој на LG може да издржи над 200.000 виткања, а може да се користи кај екранот од телефонот кој се витка и нанадвор и навнатре.

LG веста за својот нов заштитен слој, кој го нарекуваат Real Folding Glass, ја објави завчера и истакнуваат дека за негова изработка е посебно развиен материјал со кој се премачкува површината на PET слојот и го прави тврд како стакло, додека истовремено ја задржува флексибилноста.

- Advertisement -

Според LG, слојот се нанесува на двете PET страни, а дебелината на премазот е есетици микрометри. На тој начин се зголемува топлинската отпорност и механичките карактеристики на самиот заштитен слој. Како што велат, новиот слој може да издржи над 200.000 пати виткање, а може да се користи и на екрани кои се отвораат нанадвор и навнатре.

Новиот материјал треба да биде готов за масовно производство од 2023 година.

- Advertisement -

(ZDNet)

(фото: Facebook)

Сподели!
- Advertisement -