Домашните компании планираат да инвестираат 160 милиони евра во следнава година

- Advertisement -

Кризата не е надмината но, бизнисот почна да закрепнува. Приватниот сектор е спремен да инвестира над 160 милиони евра, покажува анкетата на Стопанската комора.

Иако градежништвото е сектор кој постојано алармира за лошата состојба во која се наоѓа, сепак тоа е секторот кој во анкетата, покрај земјоделството и ИКТ индустријата, се изјасниле дека се подготвени да ги зголемат инвестициите споредено со предкризната 2019та година. Како пречки за развојот ги навеле децениските проблеми како парафискалните давачки и даноци, инфраструктурата, недостигот на работна сила.

„Тие и пред пандемијата имале инвестициски планови кои не ги реализирале и ова е благ и умерен позитивизам дека пополека излегуваме од пандемијата, или минимално се нормализира активноста и колку тие повеќе инвестираат и се трудат да извлечат максимум од нивното работење ќе значи подобро за нив. Сепак е најава но дококлу не дај боже нешто се влоши сигурно никој нема да влезе во инвестициски циклус во таков период.“ изјави Антонета Манова Ставревска, Стопанска Комора

- Advertisement -

Најмногу ќе инвестираат во машини и опрема, технолошка надградба како и нови објекти. Сметаат дека инвестициите ќе донесат поголем промет, добивка и ќе се отворат нови работни места.Сето ова би го спровеле само доколку продолжи вакцинацијата и нема нов Корона бран

Сподели!
- Advertisement -